Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески денеска појасни дека во Советот досега биле прилично ефикасни.
-Досега сите точки на дневен ред се дискутирани и најголем дел се позитивни изгласани. Ова е сосема друга галаксија во однос на Собранието. Не ми е позната работата на администрацијата во градот, така што треба да оставиме време овие состојби да се стишат за да кажеме конечен суд. Уште кога ВМРО-ДПМНЕ размислуваше за кандидат за градоначалник, бев против тоа да застанаме зад Арсовска, изјави Славески во вестите на Тв Сител, во однос на последните случувања на релација кадри на најголемата опозициска партија во претпријатијата во рамките на град Скопје и градоначалничката.
Тој додаде дека градоначалничкатата како и секој, е посебен карактер на човек и дека нема никаква посебна комуникација со неа освен службена.
-Досега сме се сретнале со неа три пати во нејзиниот кабинет. Со Арсовска имаме редовни координации на советничката група и мислам дека од моето искуство на работа со луѓе, се поставив на тој начин секој да си ја врши својата работа во однос на своите надлежности. За ефикасноста на Советот, мислам вроди со плод. Личните односи се нешто друго, прецизира Славески и додава:
-Мнозинството кое што го чинат коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да функционира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.