Градоначалничката на Град Скопје и претседателска на партијата Нова Алтернатива, Данела Арсовска, на вчерашните парламентарни избори освои вкупно 3.438 гласови и не освои пратенички мандат.

Според податоците на ДИК, од обработени 97,32% од избирачките места, како носител на изборната листа во ИЕ1, во која спаѓа и Скопје, Арсовска освои само 1.571 глас.

Нејзината партија во ИЕ2 освои 1.109 гласови, а во третата и во четвртата изборна единица Нова Алтернатива имаше 410, односно 348 гласови.

За споредба, на локалните избори во 2021 година, кога Арсовска која тогаш беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ го победи Петре Шилегов во трката за скопски градоначалник, па во првиот круг освои 86.698, а во вториот 118.749 гласови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.