Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е во официјална посета на Вашингтон, каде оствари средба со повеќемина високи претставници на Стејт департментот во врска со проектот поддржан од САД, за ефикасно управување со финансии и ресурси на локалната самоуправа, информираат од Одделението за односи со јавност при Градот.
Арсовска имаше средба со претставникот на Стејт департментот одговорен за Европски и Евроазиски работи, Бенсон Сивек, како и со Брендон Банди, главен координатор на Глобалната агенција за борба со корупција при Стејт департментот. На средбата се разговараше за пристапите и методите на локалната самоуправа за планирање на буџетот и ефикасно менаџирање со финансиите и ресурсите, со цел спроведување на практики на САД од етикчкиот кодекс во јавните институции и како истиот влијае врз транспарентноста, отчетностa и адекватното управување со ресурсите во справување со корупцијата, се наведува во соопштението.
На состаноците станало збор и за „најдобрите практики кои ги применуваат локалните власти во САД за јавно-приватни партнерства за да се подобрат капацитетите на локалната власт, при што беше нагласено дека постои простор за натамошно интензивирање на соработката помеѓу двете пријателски држави, размена и примена на искуствата на САД во Македонија во борбата против корупцијата, која е рак на македонското општество“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.