Скопје вечерва е еден од десетте најзагадени градови во светот, објави швајцарскиот портал IQAir, кој објавува податоци за квалитетот на воздухот ширум светот.

Според статистиката на „IQAir“, вечерва во Скопје се измерени 163 микрограми штетни честички по здравјето на луѓето, со што метрополата се најде на седмото место по загаденост во светот.

Според индексот, во Скопје вечерва најзагадено е во населбите Аеродром, Реонски центар и 11 Октомври, каде нивото на ПМ 10 честички е опасно по здравјето на граѓаните.

Пред Скопје позагадени се само Делхи и Мумбаи во Индија, Лахоре во Пакистан, Уланбатор во Монголија….а од балканските градови веднаш по Скопје на 8. место е Сараево во БиХ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.