Скопјани утрово дишат загаден воздух, градот се најде на 9 -то место во светот, а главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, од првото место се спушти на второто, веднаш зад Лахоре главниот град на Пакистан, покажува специјализираната интернет страница Ервижуал (AirVisual) која прибира податоци од целиот свет.

Индексот на загаденост моментално е 161, што воедно е знак дека воздухот е нездрав, а најзастапени се ПМ 2,5 и ПМ10 честичките.

Скопје и Сараево имаат слични климатски неповолности бидејќи се наоѓаат во котлини во кои, при определени временски услови, нема провертрување, има магливост, а загадувањето од индустријата, сообраќајот и загревањето на домовите останува во воздухот кој се дише.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.