Дали над 2 милиони евра пари на скопјани е штета од ослободувањето од плаќање паркинг за функционерите на СДСМ и ДУИ?!, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

400 возила 4 години не плаќале паркинг низ Скопје, прибележани во ЈП Градски паркинг со регистарски таблички, марка и модел, но сите на 3 имиња, Борче Јакимовски и Владимир Кроневски, директори од ДС во тоа претпријатие за време на СДСМ.

Дали зад овие имиња се криеле Мартин Попов, шеф на кабинет на Димитар Ковачевски, Златко Марин, Миле Зечевиќ и други високи функционери на власта?!

ДС по овој систем функционира како приврзок на СДСМ и ДУИ. ДС преку своите директори го помагаат криминалот на СДСМ и ДУИ.

Дали ова незаконско работење граѓаните на Скопје ги чинело над 2 милиони евра. Пари кои требало да легнат на име на претпријатието доколку овие функционери си го плаќале паркингот, а не да бидат ослободени?!, стои во партиското соопштение на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.