Премногу ѓубре расфрлано околку контењерите. Ваква е секојдневната слика во главниот град Скопје.

viber_image_2024-06-22_10-28-01-259 (1).jpg

Доколку излезете од дома и поминете покрај контењетите треба да ги заобиколите затоа што ќе се соочите со непријатна миризба и купишта отпад околу кантите за ѓубре. За момент ќе се почувствувате дека сте на некоја депонија, а не во главниот град, пренесува порталот „страна.мк“.

viber_image_2024-06-22_23-57-43-227 (1).jpg

Од градското претпријатие Комунална хигиена секојдневно информираат дека тие се постојано на терен, но дека се соочуваат со зачестена појава на непрописно исфрлање отпад на јавни и сообраќајни површини, особено на микролокациите каде што се поставени и садовите наменети за одлагање на комуналниот отпад.

viber_image_2024-06-24_15-25-50-151 (1).jpg

Екипите на Претпријатието, за време на изминатиов викенд отстранија енормно количество отпад од диви депонии – вкупно 60 кубни метри кабаст, градинарски и мешан комунален отпад одложен до контејнерите лоцирани на улиците Македонска војска, Борис Сарафов, Лука Геров, Воин Драшковиќ, Мирче Козар, Христо Батанџиев и Никола Пушкаров во скопската општина Ѓорче Петров, на улицата Васил Чакаларов во општината Карпош, како и на улиците Христијан Тодоровски-Карпош и Џон Кенеди во скопската општина Чаир.

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје уште еднаш апелираат да престане непрописното и несовесно исфрлање отпад на јавни површини, коешто резултира со создавање диви депонии, а воедно директно ја загадува животната околина и го загрозува јавното здравје, информираат пд претпријатите.

viber_image_2024-06-25_00-11-56-215 (1).jpg

Но, ѓубрето е тука и треба да се најде решение кое засега го нема, односно нема доволно волја да се реши проблемот. Во изминатиот период се споменуваше поимот комунална полиција која треба да стави ред да не се расфрла ѓубрето на сите страни, но засега нема ништо од тоа.

viber_image_2024-06-25_00-20-51-953 (1).jpg

Искуството кажува дека свеста на граѓаните е на најниско можно ниво, па затоа треба да се изнајде некое решение за Скопје да заличи како метропола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.