По завршувањето на денешната седница, в.д. директорот на ЈСП Скопје, Александар Стојковски, лично ми се закани дека физички ќе се пресмета со мене, обелодени советникот Филип Јаневски од партијата „Глас за Македонија“.
Критиките кои ги упатив за неговото неработење, непочитување на одлуките на Советот на Град Скопје како и самоволието на директорот, беа причина тој да ми упати закани во неколку наврати! Како млад политичар со интегритет, кој секогаш ги брани интересите на граѓаните, никогаш нема да потклекнам на притисоци и закани од било кој поединец или група и ќе продолжам да работам во интерес на граѓаните на Град Скопје, реагира Јаневски.
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија најостро ги осуди овие закани.
Кога има недостиг на аргументи тогаш има закани, и уцени како израз на слабост и паника. Тоа говори дека Директорот на ЈСП поставен од Данела Арсовска, а кој доаѓа од партијата СДС, нема храброст да се соочи со аргументите. Тендер коалицијата на Арсовска со СДС, ГРОМ и крими поединци треба да каже дали ова е модерното Скопје кое скопјани го очекуваа?
Арсовска да излезе од крими матрицата и да почне да работи за скопјани. Никој не ви се плаши, велат од Советиничката група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.