По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска во Скопје јавните паркиралишта ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8 Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата.
Како што соопштија од ЈП „Градски Паркинг“ – Скопје, јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), каде што продолжува со редовно работно време 09:00 – 16:00 часот, додека, пак, јавните паркиралишта: Дом на печат, Народен фронт, АМСМ, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00:00 до 24:00 часот.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на сите граѓани им го честита 11 Октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.