Министерот за животна средина, Изет Меџити, денеска најави нови мерки за справување со аерозагадувањето, вклучувајќи проширување на мрежата на централно греење во Скопје и воведување шест еколошки автобуси за ЈСП. Исто така, тој истакна дека целата држава ќе биде гасифицирана во рамките на долгорочниот план за намалување на загадувањето.
Во тек е имплементација на проектот ЕУ за чист воздух, во кој Европската делегација во нашата држава вложува 10 милиони евра за 4 града во државата што во изминатиот период забележаа најголеми скокови на концентрација на загадување на воздухот – Скопје, Куманово, Тетово и Битола. Со проектот ќе се делува на намалување на загадувањето од системите за греење со замена на стари неефикасни котли во 70 јавни установи, ќе се донираат 6 еколошки автобуси на Град Скопје, ќе се засадат зелени појаси и ќе поддржи создавање на предуслови за проширување на централното греење во Скопје со изработка на студија и набавка на инструменти за анализа на тешки метали во концентрациите на ПМ за Централната лабораторија – рече Меџити.
Меџити нагласи дека проблемот со аерозагадувањето не може да се реши со една мерка, туку бара континуиран пристап и повеќе различни активности за постигнување долгорочни резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.