Музичарот и поранешен кандидат за градоначалник на Скопје, Бени Шаќири вечерва изјави дека се кандидирал за „градски татко“ само поради една цел.

Сакав да го срушам Шилегов и успеав во тоа. Сакав да го направам тоа затоа што не беше доблесен поранешниот градоначалник и беше таков како што беше, рече Шаќири во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Според него, граѓаните имаат право да бараат отчет од политичарите и потенцира дека и „шуто и ругато влегува во политиката“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.