Во Скопје во водите на реката Вардар поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан го положи осветениот крст.
Годинава, пријавени беа 157 граѓани кои се обидат да го фатат Светиот крст што се положи во реката Вардар.
Најсреќен меѓу нив беше 17-годишниот Ѓорги Николовски.
Сѐ најдобро за сите, Господ е голем. Господ гледа сѐ, сите да имаат единство и да се обедини Македонија и македонскиот народ – изјави среќниот фаќач.
Одбележувањето на празникот Богојавление-Водици почна во 9 часот со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ со која чиноначалствуваше архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан.
По завршување на литургијата, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка се упати кон мостот „Слобода“.
На чинот на осветување на водите на реката Вардар присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалничката Данела Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.