Од рано утрово, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски е на терен заедно со службите за зимско оддржување.
За активностите, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на која напиша:
“Веќе четири часа сме на терен заедно со службата за зимско оддржување и по интензивна работа можам да кажам дека нема ниту едно населено место кое е отсечено од сообраќај. Во населеното место Црешево отворивме мобилен пункт на кој се доставени количини на сол.
Заврши првата фаза од чистењето во која се опфатени главните улици во Железара, Автокоманда, Ченто, Стајковци, Црешево, Виниче, Смилковци, Булачани, Раштак, Страчинци и Брњарци, а сега започнува и втората фаза во која ќе се исчистат поголемите локални улици.
Екипите на ЈКП Гази Баба ги исчистија автобуските постојки, влезот на поликлиниката во Ченто и рачно фрлаа сол кај поранешна Лондза и улица Фуштанска во Ченто, а ќе продолжат и на други локации во текот на целиот ден. Им благодарам на граѓаните за разбирањето!” – напиша Стефковски


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.