Под мотото „ Солидарност преку волонтирање“, Црвениот крст денеска на плоштад „Македонија“ ќе го одржи централниот настан за одбележување на 5 декември – Светскиот ден на волонтерство.

Преку игра на светлина, бои и холограм ќе се навратиме во минатото, ќе ја видиме куќата на нашиот основополжник Анри Динан, но и тој самиот ќе ни ја раскаже идејата за раѓањето на Црвениот крст. Ќе бидат доделни национални признанија на истакнати волонтери во знак на благодарност за нивниот севкупен придонес и остварувања во обезбедувањето поддршка на различни целни групи на население во Македонија за 2022 година – наведоа од Црвениот крст.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.