Здружението „Бадникови поворки” денеска на првиот ден од божикниот пост во малата концертна сала на Македонска филхармонија, ќе ги презентира активностите за претстојното одбележување на Бадник и Божик.

– По двегодишниот копнеж по бадниковите поворки на радоста во коишто, во последните години учество земаа над 15 илјади деца од 40 градови и населени места низ Републиката и по кои станавме препознатливи на Балканот и пошироко, конечно можеме да кажеме: традиција продолжува!, истануваат од „Бадникови поворки“.

Најавија дека на денешната прес-конференцијата покрај другото ќе биде соопштено и какво освежување ќе добие омилената божиќна песна „Вечниот Бог” и зошто, каков ќе биде видео записот и кои ќе бидат главните носители на годинашната божиќна приказна, каков божиќен концерт се подготвува за децата, а каков за возрасните, кои други активности ќе го одбележат 40-дневниот период на пост и подготовките за Бадник и Божиќ во полн сјај



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.