ЗА ПРВ ПАТ КРАК НА УЛИЦА РАДИШАНСКА И КРАК НА УЛИЦА 62 ДОБИВААТ АСФАЛТ ВО НАСЕЛЕНОТО МЕСТО РАДИШАНИ ГОРНА ЗОНА
Со денешното асфалтирање за прв пат е поставен асфалт на овие улици. Со ова директно се подобрува квалитетот на живот на граѓаните на Општина Бутел и се унапредива патната инфраструктура.
Овие краци за прв пат добија асфалт. Се поставија и сливници на соодветни места со што се надминува проблемот со поплавување на домовите при обилни дождови.
Ова се улици во населеното место Радишани горна зона во кое интезивно се гради и се проширува општината.
Во изминатиот период се асфалтираа неколку улици кој се опфатени во првата фаза, а продолжуваме со асфалтирањето на 20 улици и во наредните денови.
Се подобрува патната мрежа во сите населени места, а приоритет добија оние места каде што до сега никогаш немало асфалт.
Градежнто лето се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувањата кон граѓаните.
Продолжуваме во останатите населени места кои што се опфатени со првата фаза.
Еднаков и рамномерен развој на сите населени места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.