ВМРО ДПМНЕ за само една година во Скопје направи пепел, го доведе градот до состојба да не може да ги обезбеди ниту основните функции, обвинуваат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ го заглави градот, како што 11 години Македонија што беше заглавена.

Покажаа дека се најнеспособната локална власт во историјата на главниот град.

Градот назадува, нема нови проекти, наместо бесплатен јавен превоз, за прв пат во историјата Скопје остана без превоз.

Приватните превозници не возат, ЈСП тоне во долгови, тешка е состојбата и во други градски претпријатија.

Додека во градот владее хаос, тие се скараа за бизнис интереси, тендери и провизии, чии раце да бидат во медот.

Од кавгата меѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска произлегоа скандалозни закани и навреди. Според сведоштвата на Арсовска, Мицкоски и се заканувал дека ќе ја влече по улици и со неа под ќе брише.

До пред само неколку месеци, Арсовска за ВМРО-ДПМНЕ беше најдобра градоначалничка, а сега и бара доказ дека е во добра психофизичка состојба.

И додека јавноста слуша за закани, клевети и навреди меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, СДСМ прави се за да ги реши проблемите на скопјани.

Парното во Скопје веќе го презема и го управува Владата, откако Арсовска и мнозинството во Советот од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од него.

Благодарение на одговорниот и чесен пристап на претседателот Ковачевски, блокадите на скопските улици се отстранети и дадена е шанса преку дијалог да дојдат до решение.

Скопјани не заслужуваат да бидат заложници на неспособната и неодговорна локална власт на ВМРО ДПМНЕ, се наведува во соопштение на СДСМ.

На таквите обвинување, од ВМРО-ДПМНЕ одговараат дека СДСМ, Левица и ДУИ се партиите кои ја споделуваат власта во Град Скопје со Данела Арсовска.

Левица има три директори во градот, ДУИ два, а СДС целосна контрола над градот и Арсовска целосно водејќи го најнеуспешното претпријатие ЈСП.

 

А вчера видовме како Ковачевски ја брани Арсовска.

 

И кога сето ова ќе се сублимира јасно е дека ниту Левица, ниту ДУИ, а најмалку СДС направија нешто за градот Скопје.

 

Но, затоа видовме криминален договор за набавка на нафта од неколку милиони евра без рабат и попуст какви имале сите претходно договори, милионски суми за консултантски услуги и едно чудо лаги за дефокус од вистинските проблеми. Впрочем тоа е договорот Ковачевски Арсовска и тоа е она што е договарано на тајните средби.

 

А кога сме кај градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ тие покажаа како се создава за своите општини. Поминува година на капитални инвестиции, година без една афера, со даден отчет.

 

Јавно го повикуваме СДС да каже кој градоначалник на СДС направи отчет?

 

Одговорот е нула општини, нула градоначалници. Вистината е дека немаат проекти кои ги имаат сработено.

 

Ја разбираме нервозата но и фрустрациите на СДС. Наместо кочење проекти, наместо деструкција нека се фатат за работа. Нека не го казнуваат и нека не одат против својот народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.