Крајно неодговорно и расипнички е во време на најголема глобална криза градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, односно градоначалниците на Скопје, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Гази Баба да потрошат над 1,2 милиони евра за партиски времени вработувања, обвинуваат од СДСМ.

Според владеачката партија, сумите се во Скопје 670 илјади евра, во Бутел 200 илјади евра, во Ѓорче Петров 133 илјади евра, во Карпош 75 илјади евра, во Гази Баба 160 илјади евра среде криза.

-Истите тие градоначалници бараат пари од Владата предводена од СДСМ и се закануваат со радикализација, а трошат илјадници евра на скапи компјутери и телефони, на чоколади и сокови.

Повеќе од 1,2 милиони евра се сериозни пари за овие 5 општини. Со овие 1,2 милиони евра може да се реализираат важни проекти, може да им се помогне на граѓаните и на јавните претпријатија во време на криза, појаснија од владеачката партија преку партиско соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.