Во знакот на првите пролетни денови кои веќе отпочнаа, ЈП ЛАЈКА и Граѓанската иницијатива “НЕ БИДИ ЃУБРЕ” во недела 27.03.2022 година во 12:00 часот ве покануваат на пролетно чистење околу објектот на прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА.

Покрај тимот на јавното претпријатие, свој придонес ќе дадат и активистите за заштита на животни.

Сите граѓани кои ќе сакаат да ни се приклучат на оваа пролетна иницијатива ќе можат тоа да го направат во недела во 12:00 часот, пишува во соопштението на „Лајка“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.