Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и во општините и покрај алармантната ситуација со загадениот воздух не презема ништо за да се заштити здравјето на граѓаните,реагира СДСМ.
Скопје деновиве е меѓу градовите со најзагаден воздух на светот, иако ВМРО-ДПМНЕ во кампањата пред граѓаните ветуваа дека ќе реализираат низа мерки за да стават крај на овој проблем.
Се што прават локалните власти на ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година не е спречување, туку поттикнување на загадувањето.
Јавниот превоз не функционира, јавните претпријатија се во катастрофална состојба.
Трикратно ги намалија средствата за животна средина во градскиот буџет, а сериозно намалени беа и средствата за субвенционирање на набавката на инвертори од страна на физички лица.
Нема ниту еден од петте најавувани мега паркови, а дивите депонии не само што не се чистат туку постојано никнуваат и нови.
Центарот на Скопје и многу урбани населби се преплавени со смет.
Ова е последица на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која се интересира само провизиите и рацете во медот, но не и за интересите и потребите на Скопјани.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните градоначалнци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.