Вчера, на седница на  советот Град Скопје, по којзнае кој пат излезе на виделина коалицијата помеѓу СДС, ДУИ, Левица и Данела Арсовска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сите заедно, без око да им трепне, го изгласаа досега најлошиот буџет, во историјата на градот, во кој се укинуваат капиталните инвестиции, се намалуваат субвенциите, со цел да има повеќе пари за криминалците, во кругот на Арсовска.Добро е што граѓаните знаат, дека ова е коалиција на неспособни партии и луѓе, кои делат исти вредности, како криминал, корупција и арогантност.

Очигледно сите заедно на куп, си обезбедија мед за цела година, а најмногу мед, секако ќе изеде, главната медарка, Данела Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.