-Усвоен е амандманот на СДСМ во Град Скопје за повисоки плати за вработените во градската администрација. На предлог на советничката група на СДСМ, денеска Советот донесе одлука за пренамена на средства од Буџетот за повисоки плати за вработените во Град Скопје, соопштија од партијата.

Согласно одлуката, од ставката Привремени вработувања, се одземаат 12 милиони денари и истите се префрлуваат на ставката Основни плати. Со ова, се обезбедуваат повисоки плати за 5.000 денари до крајот на годината, за 470 лица вработени во градската администрација, без јавните претпријатија и противпожарната служба.

СДСМ, преку својата советничка група и нејзините надлежности ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и Градот Скопје, објавија од таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.