Група родители се лути на одлуката во Основното училиште 11 октомври во Скопје да биде примено дете кое било испишано од неколку училишта поради насилство.
Гневни сме на одлуката на директорката на „11 Октомври“ да прими дете кое е избркано од повеќе училишта поради насилство. Согласно Упатството за постапката за пријавување и заштита на ученик жртва на кој било од формите за насилство, злоупотреба и занемарување и според насоки дадени од МОН, ООУ„Лазо Ангеловски“ доставува ургентно известување во врска со несоодветното однесување на ученик до Сектор за образование на општина Аеродром и Сектор за образование на општина Центар (конкретно за ООУ „11 Октомври“) со кое бара да се произнесат училиштата дали ќе го примат ученикот. Како последна мерка согласно Упатството е мерката преместување на ученик во друго училиште.По однос на барањето сите училишта на територија на општина Аеродром и училиштето 11 Октомври се произнесуваат негативно, односно ниту едно училиште не го прифаќа ученикот.По добиените негативни одговори од страна на сите училишта, ООУ Лазо Ангеловски го префрла ученикот на далечинско учење (онлајн настава) и за истото ги известува сите надлежни институции. Во меѓувреме под притисок на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски директорката на „11 Октомври“ дава согласност на родителите ученикот да биде примен во нејзиното училиште, родителите ја носат согласноста во ООУ „Лазо Ангеловски“ и на ученикот денес му е издадена преведница од страна на ООУ „Лазо Ангеловски“ за упис во ООУ „11 Октомври“. Еден од родителите на проблематичното дете е поранешен началник во МВР. За утре е закажан итен состанок на советот на родители – велат родителите на ученици од училиштето 11 Октомври.
Во текот на утрешниот ден ќе побараме став на училиштето за случајот со применото дете за кое родителите тврдат дека било насилно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.