„Република“ ја повлекува веста со наслов Кирков: Арсовска и Пешева препродаваат препарати за миленици на црно поради објавување на информација во која е застапена само едната страна, односно не е земена изјава од Јавното претпријатие за благосостојба на животните скитници Лајка и директорката Радмила Пешева. Се работи за пренесен фејсбук статус на Стефан Кирков без притоа „Република“ да даде дополнителни коментари и информации. Се работи за тврдење на Кирков, но сепак, по барање на Лајка и директорката Пешева, веста ја повлекуваме во целост.

Во својата реакција Јавното претпријатие за бвлагосостојба на животните скитници Лајка тврдат дека обвинувањата упатени од Кирков а се целосно неточни, манипулативни, паушални и незасновани на било каков доказ, и како такви директно биле насочени кон омаловажување на претпријатието и вработените.

Имено, како што велат од претпријатието, кутиите кои што биле поставени од страна на Лајка биле празни и поставени на штандот како рекламен материјал на барање на сопонзорот ВЕТПРОМЕТ ДООЕЛ, во знак на благодарност за донацијата која ја добило претпријатието непосредно пред настанот, за што можеле да потврдат истите согласно изјавата со бр.0302-281 од 17.10.2023.

„Република“ се извинува на претпријатијето и личностите кои се споменати во текстот, а чија страна не е застапена во објавената вест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.