Продолжуваме со изградба на нови спортски и детски игралишта, уште многу нови локации до крајот на годината!
Завршија финалните активности со кои уште едно заборавено кошаркарско игралиште во Општина Аеродром официјално се пушта во употреба.

На овој спортски терен што се наоѓа во близина на кулите зад ТЦ „Капитол“ беше поставена нова подлога, беа поправени таблите и конструкциите за кошевите, а околниот простор беше уреден со две нови клупи.

Со вчерашниот ребаланс на буџетот, Општината создаде услови за продолжување на интензивната работа во однос на забавната и спортската инфраструктура.

Во наредниот период ќе се изградат нови детски и спортски игралишта, а ќе се реконструираат и веќе постојните во Реонски центар, Острово, Мичурин, населба Лисиче, како и на улицата „Тодор Чангов“, во непосредна близина на „Три бисери“, Ново Лисиче и во Стар Аеродром на улицата „23 Октомври“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.