Реконструкцијата на Универзална сала ќе продолжи, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека СДСМ и Петре Шилегов имале грешки во проектната документација и дека парите наменети за реконструкција на објектот се трошени неплански и несоодветно, нешто за што постојат и офивцијални записници.

Детектирани се бројни недостатоци, меѓу кои и потреба за дополнителни два носечки столба.

 

Записник дека постои проблем со проектната документација е изготвен уште на 6 јули минатата година. СДСМ и Шилегов свесни за проблемите продолжиле со реконструкција, иако има проблем со поставување на новопроектирани конструктивни елементи врз трафостаницата во рамки на објектот.

 

Еден месец потоа е утврдено и незадиволително ниво на вградена армирано бетонска конструкција, што е опасност за стабилноста ма објектот.

 

За безбедно продолжување со реконструкцијата и целосна реконструкција потребно е работење по стандарди, кои ќе ја гарантираат безбедноста на граѓаните. СДСМ да ја каже вистината, дека тие работоле непрофесионално и дека тоа е единствената причина за застојот при реконструкцијата на Универзална сала – велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.