Во овие тешки мигови, кога тагуваме по Вања, сакаме да потенцираме дека училиштето е безбедно место во кое децата можат да добијат психолошка поддршка и советување, велат денеска од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во скопски Центар, каде што учеше ѕверски убиената Вања Ѓорчевска.

Денеска се одржа редовна настава за учениците од прво до петто одделение, додека со учениците од шесто до деветто одделение работеа одделенските раководители со цел да им се даде поддршка и помош во справувањето со болката, тагата, стравот и измешаните емоции.
Децата, родителите и наставниците и во наредниот период ќе можат непосредно да разговараат со психолозите кои се во училиштето за да им дадат поддршка.
Во целиот процес се вклучени и надворешни стручни лица, психолози и психијатри, со цел да им се помогне на учениците, но и на родителите, да се соочат со траумата и да го сочуваат менталното здравје, велат од училиштето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.