Првиот македонски филм за деца „Стела“ ќе се прикажува вечер во паркот „Македонија“ во Општина Кисела Вода, во рамки на манифестацијата „Кино на отворено“.
На почетокот на настанот најпрвин ќе бидат прикажани анимирани филмови за најмладите од архивата на „МакеДокс“, а потоа ќе почне и емитувањето на „Стела“.
На проекцијата на првиот македонски филм за деца ќе присуствуваат и продуцентот Огнен Антов, режисерот Стојан Вујичиќ, како и главниот актер Дејан Лилиќ кои ќе одговараат на прашањата на посетителите.
Општинските власти, кои се реализатори на фестивалот, соопштија дека синоќешната прва вечер предизвика огромен интерес, со околу 300 посетители.
Огромен интерес предизвика синоќешната прва вечер од манифестацијата „Кино на отворено” која ја реализира Општината со поддршка од „МакеДокс“. Околу 300 посетители ја посетија проекцијата на првите два филма од програмата која ќе трае до недела и опфаќа повеќе интересни – соопштија од Општина Кисела Вода.
Фестивалот синоќа беше отворен со филмот „Cinema Komunisto“ на режисерката Мила Турајлиќ, а на репертоарот беше и „My world is upside down“ во режија на Петра Селискар.
Фестивалот ќе трае до недела и опфаќа документарни и играни кинематографски остварувања. Поточно, ќе бидат прикажани и филмовите „Grand mothers of Revolution“, „Mother Europe“ во режија на Петра Селискар, краткометражниот филм „Другарот“ во режија на Димитар Оровчанец, „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.