Општините Ѓорче Петров и Бутел ја одбележаа 21-годишнината од масакрот кај Љуботенски Бачила.

Денес одбележавме 21 година од згаснувањето на животите на македонските бранители од Ѓорче Петров.

На три локации во општина Ѓорче Петров, Спомен-чешмата „Томислав Настевски-Бумбар“ во Ѓорче Петров, Споменикот на бранителите во Волково и Споменикот на сите загинати бранители од Ѓорче Петров во реонскиот парк, оддадовме почит на жртвата која ја дадоа Раде Јанковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Томислав Настевски кај Љуботенски бачила, како и прерано згаснатиот живот на Ацо Ангеловски, кој е една од првите жртви на конфликтот, кој загина во Арачиново.
Паднатите херои чие дело го чествуваме го претставуваат ликот на македонската нација која има долга историја на патриотизам, пожртвуваност и чест. Ова е нација која се бореше во многу битки за да ја задржи земјата слободна и ослободена од закани.
Ние Македонците сме симбол за непокор. Оваа земја помина и надмина илјадници тешки и трагични премрежја, страдни времиња. Но, оваа земја даде и големи јунаци.
Им благодарам на семејствата за овие херои – херои на нашето време.
Вечно сме ви должни.
Нека им е вечна слава на храбрите бранители.
Загинаа за Македонија

21 ГОДИНА ОД НЕМИЛИОТ ЧИН ВО КОЈ ЗАГИНАА МАКЕДОНСКИТЕ ХЕРОИ ❗️
Денес им оддаваме почит на македонските бранители кои го положија својот живот за одбрана на Република Македонија.
Поминаа 21 години од загинувањето на нашите бранители, 21 година тага во нашите срца.
Трагичен настан кој остави длабоки траги во нашата меморија и нераскинлив дел од нашата сегашност и иднина.
Пред 21 година ги изгубивме Бадаровски Томе, Чанкуловски Гоце, Бошковски Марјанчо, Димовски Томе, Златевски Ивица, Јанев Бранко, Јанковски Раде и Настевски Томислав кои го дадоа својот живот за својата држава и тоа никогаш нема да го заборавиме.
Оддаваме почит на нивното херојско дело како дел од македонска историја и да испратиме порака дека вечно ќе живеат во нашите срца.
Слава им!

На денешен ден во 2001 година во 8 часот наутро воено товарно возило со припадници на безбедносните сили на АРМ нагази две противтенковски мини кај месноста Љуботенски бачила, при што загинуваат осум припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје. Покрај осуммина убиени имаше и осуммина повредени.

Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.