Успешно почна реализацијата на нашиот проект за бесплатно пливање на првачињата и лицата со попреченост. За правилен и подобар психо-физички развој на најмладите Општина Аеродром го подготви и спроведе најновиот проект „Учиме да пливаме”.
Најмладите ученици од општината заедно со сертифицираните спортски едукатори и своите наставници ги направија своите први чекори во овој спорт. Сите ученици покрај часовите спроведени од професионалци, добиваат и опрема за пливање (капа, очила), крпа, како и превоз на учениците од училиште до базенот и назад.
Проектот е изработен во соработка со Сојузот за училиштен спорт на Општина Аеродром и во реализација на „Скај велнес“.
Приоритет на Општината се најмладите. Со ова го реализиравме и нашето предизборно ветување за бесплатно пливање. Единствено низ сериозни инвестиции, чекори и иницијативи за подобрување на образовниот процес, како и вложување во спортската инфраструктура, можеме да создадеме здрава и едуцирана средина, порачуваат од општина Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.