Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски одржа проштална средба со амбасадорот на Унгарија Ласло Иштван Дукс.

За средбата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална средба на фејсбук на која напиша:
 
Утрово во просториите на општина Гази Баба имав средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија н.е. Ласло Иштван Дукс.
Оваа средба се организираше по повод заминувањето на амбасадорот од Република Македонија.
На средбата истакнав благодарност до амбасадорот н.е. Ласло Иштван Дукс за успешната соработка која ја имаше општина Гази Баба со Амбасадата на Унгарија во изминатиот период, напиша Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.