Екипите на ЈП „Улици и патишта“ продолжуваат со активности за реконструкција и санација на пешачките патеки во Градскиот парк, со вкупна површина од 18.000 квадратни метри. Во рамките на овие активности по налог од Град Скопје, дел од патеките целосно се реконструираат, се санираат оштетените патеки, а во некои делови се прават и нови патеки.

Реконструкцијата на патеките се реализира фазно, а во моментов се работи во вториот дел на Градскиот парк на потегот односно од крајот на ЗОО до Луна паркот, каде што се асфалтираат пешачки патеки на површина од околу 600 квадратни метри.

Градот Скопје продолжува со активности за одржување на постојната инфраструктура, изградба на нови патеки за рекреација на граѓаните, како и на нови зелени појаси низ населените места во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.