Приватните автобуски превозници се примени на средба во Град Скопје откако вчера најавија дека добиле покана за средба од Градот за денеска во 9 часот. Тие минатиот понеделник откако не беа примени во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, најавија дека повторно ќе почнат со протест преку блокади од денеска ако не бидат примени и не се најде решение за долгот којшто тврдат дека го има Град Скопје кон нив.

Град Скопје ги раскина договорите со приватните превозници кои пред Нова Година блокираа повеќе сообраќајници во центарот на Скопје со барање да им бидат исплатени парите, што пак градоначалничката Данела Арсовска негира дека Градот им е должник.

Средбата не се знае до кога ќе трае, но превозниците се надеваат на добар исход.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.