Пајак-службата со полни раце работа во Аеродром. Општината апелира несовесните граѓани да покажат граѓанска совест и да запомнат дека мстото на автомобилите им е на паркиралиштата, ане на зелените површини и на патеките наменети за пешаците.
🚗 Општина Аеродром продолжува со активностите за отстранување на возилата што се паркирани несоодветно и спротивно на Законот за јавна чистота и Законот за урбано зеленило.
🚨 Инспекциските служби на Општина Аеродром секојдневно се на терен и интервенираат секаде каде што е потребно, а несовесните возачи добиваат парични казни и се соодветно санкционирани.
❗️ Несоодветно паркираните возила на плочниците меѓу зградите, на тревниците и на другите јавни површини го оневозможуваат непреченото движење и претсавуваат опасност за пешаците и велосипедистите, а се предизвикуваат и материјални штети, кои сите ние ги плаќаме. Оттука апелираме на почитување на пропишаните правила и закони со што ќе ја зачуваме нашата средина, како и безбедноста на секој граѓанин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.