Пожарот што денеска избувна во кругот на фабриката „Треска“ е локализиран и речиси целосно изгаснат, кажа градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Повредени нема, а огнот се гасел со 10 возила.

Пожарот е локализиран и речиси целосно изгаснат благодарение на брзата реакција на надлежните. Заедно со екипите на Општина Центар остануваме на терен, а кризниот штаб во состав од претставници на МВР, инспекциските служби на општината и противпожарна служби веднаш одржа состанок. Голема благодарност до сите за брзата и ефикасна реакција. Во оваа незгода за среќа нема повредени – кажа Герасимовски.

Градоначалникот на Општина Центар претходно ги повика граѓаните да го заобиколуваат овој дел од градот, поради настанатиот метеж.

Од Центарот за управување со кризи, пак, информираа дека пожарот настанал во магацин во кругот на поранешната фабрика. Огнот зафатил и пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што го предизвика густиот црн чад во центарот на градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.