Податоците на веб-страницата „Ај-Кју Ер“, покажуваат дека Скопје утрово се најде на десеттото место на најзагадени градови во свет, со индекс 165.
И додека со денови Скопје го држи високото место на листата најзагадени градови во светот, Министерството за животна средина вчера информираше дека е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Скопје и Струмица.
Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица, велат од МЖСПП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.