Со цел да се „слушне гласот“ на вработените во однос на нивните права, првпат во општина Ѓорче Петров е формирана синдикална организација во рамки на Синдикатот за администрација и Државна управа на Македонија и првпат е потпишан колективен договор на ниво на работодавец, соопшти градоначалникот Александар Стојкоски.

Со потпишување на овој колективен договор, покрај останатите права кои им се гарантираат на вработените, предвидено е и зголемување на платите, почнувајќи од платата за месец ноември за 3.000 денари.
Со овие мерки правиме напори за подобрување на условите за работа на администрацијата. Во време на економска криза, високи сметки за електрична енергија и покачени цени во маркетите, ова е еден вид стимул за моите вработени.
Очекувам и натаму ефикасно и ефективно да ја извршуваат својата работа, исклучиво во насока на интересите на граѓаните, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.