Инспекциските служби на Општина Аеродром во изминатиот период извршија мерења и анализа на нивото на бучава во животната средина. Мерењето ја опфати бучавата од угостителските објекти, автопералниците и бучава што се емитува од надворешните единици на клима-уредите од маркетите.

 На две места од извршените мерења резултатите покажаа надминување на максимално дозволеното ниво на бучава за што ќе бидат преземени соодветни мерки согласно со Законот за заштита од бучава-велат од Опттината.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.