Поради зголемувањето на цената на горивата и упатените барања до Град Скопје од страна на такси-компаниите, предложени беа измени на цените на такси-услугите, а денеска 35 советници во градот гласаа за поскапување.
Советот за сообраќај на Град Скопје изготви три тарифни модели по кои таксистите требаше да ги наплаќаат услугите за граѓаните на главниот град.
Тарифа 1: Старт на превоз – 40 денари, за секој изминат километар – 25 денари и за чекање во место 1 час – 300 денари;
Тарифа 2: Старт на превоз – 50 денари, за секој изминат километар – 30 денари и за чекање во место 1 час – 420 денари;
Тарифа 3: Старт на превоз – 60 денари, за секој изминат километар – 35 денари и за чекање во место 1 час – 480 денари.
Трите тарифи беа усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на такси превозници. При формирањето на новите цени на такси- превозот биле земени предвид цените на горивата, но и други фактори.
На претходната седница советниците не се согласија со одлуката за поскапување на такси-превозот. Во моментот таксистите во Скопје возат по цени кои се на сила веќе 11 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.