‼️ РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ НА ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ‼️
Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче денеска конечно доби нов в.д. директор со што дојде до престанок на мандатот на претходниот, информираат од Општина Аеродром.
И покрај тоа што претходниот директор беше повторно предложен да раководи со најголемото училиште во Аеродром, од етички и морални причини градоначалникот Тимчо Муцунски одби да го именува на таа функција со цел заштита и одржување на угледот на училиштето, на наставниот кадар и на самите ученици.
За претходниот директор на ОУ „Лазо Ангеловски“ имаше голем број поплаки. Тој со своето однесување предизвика бурни реакции во јавноста и му нанесе голема штета на училиштето во кое со децении работат врвни професионалци.
Градоначалникот Муцунски уште од првиот ден се заложи и цврсто останува на своето ветување дека Општина Аеродром ќе ја врати довербата и позитивната слика за сите институции што се под нејзина надлежност. Засега, на чело на училиштето и како вршител на должноста директор ќе застане Магдалена Петревска.
👦👧 Децата се нашата иднина, а наша одговорноста е на сите да им обезбедиме безгрижно детство и најдобри услови за нивни правилен раст, развој и квалитетно образование водено и спроведено од професионален и посветен кадар!, нагласуваат од општината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.