Попов: Бесплатен јавен превоз за средношколците и во летниот период, со одлука на Советот на Град Скопје
🔸️Промените се случуваат! Барањата на средношколците се слушнати!
🔸️Со одлуката на Советот на Град Скопје средношколците ќе се возат бесплатно и за време на летниот распуст!
Овој летен распуст околу 23.000 средношколци ќе може да го користат јавниот превоз бесплатно заради посетување дополнителна настава, часови по практична настава, како и за посета на културни, спортски или други активности, денеска одлучи Советот на Град Скопје на 13-та седница.
🔸️Изминатите години бесплатниот билет им важеше само за време на учебната година, а за месеците од летниот распуст можеа да набават месечен билет по повластена цена, од 600 денари за користење на сите линии, за еден месец, односно за јули или август.
🔸️Продолжуваме и понатаму да работиме во интерес на граѓаните!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.