Министерството за внатрешни работи информира дека од 15 до 17 часот, во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје, поради одржување протестен марш од страна на коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп, појаснува Министерството за внатрешни работи.

Секторот за внатрешни работи – Скопје апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.