Денеска во Населба Лисиче почнува голема градежна офанзива на општината која опфаќа проекти во патната инфраструктура, спортските содржини и забавни објекти за најмладите.

Истовремено, во рамки на нашиот план за населбата, влегува и интензивната работа кон решавање и забрзување на постапките за изведба на спортскиот центар „Пирин“, како и изградба на детската градинка во непосредна близина.

Како дел од тековните есенски инвестициски активности, игралиштето за фудбал и кошарка зад трговскиот центар доби нова современа тартан подлога обележана за соодветните спортови, нови кошеви и голови, а тековно се работи и на чистење и хортикултурно уредување на целиот простор. Исто така, наскоро ќе почне и целосното асфалтирање на три улици во вкупна должина од над два километри.

Со нови инфраструктурни објекти и инвестиции во секој дел од општината, градиме поубав Аеродром за сите. Инвестиции во проекти кои се наменети за сите возрасни групи, инвестиции во подобрување на условите за живот, забава и спорт во Општина Аеродром, инвестиции кои ја покажуваат грижата за развојот и квалитетот на живот во Аеродром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.