Град Скопје почна со чистење на дивата депонија покрај езерото Треска во Општина Сарај. Оваа депонија се простира на површина од 10.000 метри квадратни со повеќе од 5.000 метри кубни отпад кој несовесни правни и физички лица го исфрлаат на овој простор.
Депонијата во Сарај е една од поголемите депонии на територијата на Град Скопје, која постојано се пали и со тоа се ослободуваат штетни емисии во воздухот, како и се загадува почвата и подземните води. На овој начин сериозно се загрозува животната средина, но пред се е сериозна закана по здравјето на граѓаните кои живеат во Општина Сарај и Општина Ѓорче Петров.
Чистење на сите диви депонии, но и постојани контроли и инспекциски надзор ќе продолжи да биде секојдневна активност на Град Скопје. Ова е приоритет на кој градот и јавните претпријатија активно работат, со цел обезбедување на здрава животна средина, со повеќе зеленило и чист воздух за жителите на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.