На 86-годишна возраст, по долго и тешко боледување, вчера во Скопје почина Југослав Тодоровски, поранешен градоначалник на Скопје.

Тодоровски по професија беше градежен инженер кој својата кариера ја поминал во градежната компанија „Гранит“. По повеќе државни функции во 1986 година станува прв човек на градот и оваа позиција ја извршува до 1991 година. Во политиката ќе остане запаметен како умерен и мудар човек.

Семејството на Тодоровски информираше дека погребот ќе се изврши денес на Градските гробишта – Бутел, последна почит ќе биде оддадена од 11 часот во капелата на гробиштата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.