Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колацијата во Советот на Град Скопје на следната седница ќе предложат иницијатива за можност за повластено паркирање на лица со попреченост. Од партијата соопштуваат дека иницијативата доаѓа по вчерашното случување каде лице со попреченост кое од друг град го посетува Град Скопје, се паркира на место означено за лица со попреченост и покрај уредно платен надомест за паркирање е казнето.

Советничката група во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија до претседателот на Совет на Град Скопје поднесе барање за дополнување на дневниот ред со точка предлог иницијатива за изменување на Програмата за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски Паркинг“ Скопје од страна на лица со попреченост за 2023 година, се вели во соопштението.

Од партијата посочуваат дека целта на оваа иницијатива е ЈП „Градски паркинг“ Скопје да обезбеди можност за паркирање на лица со попреченост под исти услови независно од нивното место на живеење и да ја прошири листата на дијагнози на лица со попреченост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.