После четири години, конечно е разбиен монополот кој СДСМ го создаде во Општина Аеродром. Монопол овозможен од партијата, поврзан со набавка на ужина и топол оброк во основните училишта. Наместо монопол и селекција на една фирма која ќе го врши снабдувањето, од оваа година е воведен нов модел кој става крај на минатата злоупотреба на власта, стои во пораката која утрово ја испраќаат од Општина Аеродром во соопштение испратено до медиумите.
Оттаму додаваат дека новиот модел покрај тоа што стави крај на оваа злоупотреба на локалната власт, истовремено обезбеди и можност за секое училиште заедно со советот на родители и училишниот одбор, да избере каква храна ќе добијат нивните деца. На овој начин, приоритетот се става на децата, а не на профитот и партиски калкулации, како што тоа СДСМ го правеше до сега.
СДСМ пред само два дена ширеше лажни и тендециозни информации на оваа тема, погодени од фактот што нивната шема на монопол после четири години е разбиена. Во таа смисла, заклучно со денешниот ден, сите основни училишта на територија на Општината имаат склучено договор за снабдување со топол оброк и ужина. Децата се нашиот приоритет, а искоренувањето на корупцијата стратешка определба на општината Аеродром. Веќе една година, работиме плански, организирани и транспарентно. Граѓаните знаат дека Општина Аеродром ја искоренува корупцијата и дека дојде крајот на сомнителни тендери, за кои и повеќе институции во моментот водат соодветни истраги – велат од општина Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.