Ако веќе е реализирана целосната постапка, од тендерирање до набавка и склучување на договор, тогаш нелогично би било веќе потрошените пари на скопјани да не се користат во служба на граѓаните – вака за Инфомакс, го коментираат од град Скопје поставувањето на мобилни тоалети не повеќе локации низ градот.

Според договорот за јавна набавка, изнајмувањето на мобилни тоалети градот Скопје го чини 550.000 денари, а договорот го потпишал бившиот градоначалник на градот Петре Шилегов, но иако парите биле префрлени, договорот никогаш не бил реализиран.

Се до доаѓањето на новата градска администрација на Данела Арсовска.

Како што може да се види од договорот за јавна набавка, истиот е склучен на 15.декември 2020 година со времетраење од две години, односно до 15 декември 2022 година.

Освен што градот Скопје префрлил пари на фирмата МСС-Мобилен Санитарен Сервис ДООЕЛ Скопје, до доаѓањето на новата градска администрација, мобилните тоалети воопшто не биле користени.

Ако веќе е реализирана целосната постапка, од тендерирање до набавка и склучување на договор, тогаш нелогично би било веќе потрошените пари на скопјани да не се користат во служба на граѓаните, велат од градот за Инфомакс.

Последниве неколку недели, на социјалните мрежи се ширеа лажни вести во врска со поставените мобилни тоалети кои ги дистрибуираше поранешниот шеф на кабинет на Шилегов и братучед на Радмила Шекеринска, Никола Наумовски.

Никола Наумовски пак, добил 65.000 евра за изработка на веб-страница на град Скопје во времето на Шилегов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.