Со скандалите на Данела, може да се сними теленовела. Последниот доаѓа од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ со кое директорува нејзиниот кадар Сефи Шабани. Во ова јавно претпријатие спротивно на процедурата и нормите, се распишува оглас за деведесетина вработувања, без да има одобрување од страна на Советот на Градот Скопје, кој е основач на компанијата., обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е класична злоупотреба и самоволие во режија на Данела Арсовска, која со овој чин ги задоволува апетитите и барањата на нејзината коалиција ДУИ-СДС-Левица. Ваквите бизнис и политички пазари ги туркаат јавните претпријатија во превработеност, задолженост и хаос.

Надлежните институции треба соодветно да реагираат и да преземат соодветни мерки, бидејќи овие огласи не се валидни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.