Падна првиот ДУП во Општина Карпош, соопшти советникот Роберт Вељановски, кој сподели дека со 0 гласа ЗА, 17 гласа ПРОТИВ и 0 гласа воздржани, Советот на општина Карпош НЕ ГО ИЗГЛАСА ДУП-от за Градска четврт Ј03, блок 02, општина Карпош Скопје.

Жалам што нема да видите снимка од 30-тата седница на Советот на општина Карпош. Градоначалникот ги повлече сите служби од седницата. Толку од демократијата и поимањето што е тоа демократија, вели Вељановски.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски утрово во обраќање во живо рече дека со новиот ДУП на таа локација е предвидено да се градат пет нови згради, но нема да има рушење на фонтана и детско игралиште, но револтирани граѓани, како што беше најавено, го пречекаа пред зградата на Универзитетот за туризам и менаџмент каде што се одржувше седницата.

Иако уште пред да започне утврдувањето на дневниот ред Јакимовски рече дека ги повлекува сите предложени точки на седницата и замина од седницата, тие повторно беа предложени од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ претходно соопштија дека застануваат зад граѓаните и дека ќе гласаат против овој ДУП.

Во овој предлог ДУП се предвидуваат три нови згради единаесеткатница, седумкатница и шесткатница. Се одзема дел од постоечките гаражи кои се приватна сопственост на граѓаните со цел да се удоволи на градежната мафија за да добие фреквентна сервисна улица за да биде во сервис на новите згради. Се уништува зеленило за катна гаража која е предвидена на постоечки паркинг простор, а која е предвидена за да може планот да се нарече развоен, изјави Адријана Јакимовска Панчевска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.